Четири лица се повредени во две одделни сообраќајни незгоди синоќа во кои возила излетале од пат.

Првата се случила околу 22.10 часот на регионален пат с.Белотино – с.Попчево, струмичко, кога патничко моторно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Струмица, излетало надвор од колвозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Дваесетина минути подоцна, на регионалниот пат Берово – Делчево, во с.Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од с.Разловци, делчевско, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициско одделение Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.