Две штипјанки биле претепани од нивните сопрузи, едната вчера, а другата денеска. Тие нападите ги пријавиле во полиција.

Синоќа во 19 часот во Полициската станица Штип, 22 – годишна девојка од Штип пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот во нејзината куќа во Штип била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг, дваесет и седум годишниот С.Д. од Штип.

Денеска пак, околу 06 часот наутро во Полициската станица Штип, 46-годишна жена од Штип пријавила дека истиот ден околу 04 часот во семејниот дом во Штип била физички нападната од нејзиниот сопруг четириесет и шестгодишниот С.Т. од Штип.

Се работи на расчистување и двата случаја, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.