Две лица загинаа рано утрово во вооружен напад на скопско казино.

Како што соошти МВР, инцидентот се случил утрово после 4 часот, кога во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните.

Куршумите го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото.

Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал.

Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.