Две 20-годишни момчиња биле нападнати од група лица пред казино на улица „Рузвелотва“ во Скопје.

На 27.02.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, М.В.(20) од Скопје пријавил дека на 26.02.2021 околу 24.00 часот, додека бил пред казино на ул.„Рузвелтова“ со неговиот другар А.Ѓ.(20) од Скопје, бил физички нападнат од А.Д. и уште неколку лица – информираат од МВР.

Како што информираат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.