Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 7:30 часот на патот Охрид – Кичево, кај селото Ботун.
Според информациите патничко моторно возило изгубило контрола и излетало од коловозот. Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата треба да ги утврди причините за инцидентот.
Несреќата се случила на автопатот во изградба, кој сега одзеде два човечки животи. Информацијата ја потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.