Во текот на вчерашниот ден две лица пријавиле дека била каснати од кучиња скитиници.

Околу 14 часот во Полициската станица Центар Б.В. (64) од Пехчево пријавил дека завчера околу 15 часот на улицата “1732“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната дланка и десната подколеница.

Вчера попладне во Полициската станица Гази Баба М.В. (40) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02 часот по полноќ на улицата “Трифун Хаџијанев“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.