СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишниот Д.М. и осун години постариот В.М., двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 8 септември 2019 година во селото Пештани, по претходна вербална расправија во врска со сообраќајна незгода, пријавените физички ги нападнале А.Д. и неговата сопруга, при што им нанеле тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.