Двајца жители на гостиварското село Чегране се приведени откако при претрес кај нив е најдено ќесе со марихуана.

Според СВР Тетово, полициски службеници, вчера околу 15:45 часот, во гостиварското село Чегране ги лишиле од слобода 21-годишниот Ш.А. и 24-годишниот Е.А., жители на ова село.
При нивен преглед пронајдена е марихуана по што двајцата потоа се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

По спроведениот разговор двајцата чегранци ќе се соочат со соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.