Утринава околу 3:34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземни гаражи на ул.„Седма албанска бригада“ во Чаир настанал пожар при што биле опожарени три возила, и тоа: „ауди“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б., „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К. и „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, додека оштетено било и возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од екипа на Итна медицинска помош била укажана помош на лице место на 15 станари кои вдишале чад и сите се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиника за токсикологија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.