Две деца биле повредени во сообраќајка во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Вчера во 16:30 часот сe случила сообраќајна незгода на ул. „Ќиро Спанџов“ во Кавадарци, во која автомобил „мерцедес“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.М.(32) удрил во ѕид од куќа, при што, С.М. се повредила, исто така, се повредени и сопаниците, две деца, од три и четири години. Повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот, појасни Додевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.