Две деца се најдени оставени сами вчера во автомобил марка „Алфа Ромео“ на паркинг на бул. „Видое Смилевски Бато“ дехидрирани. Граѓани алармирале, по што повикале полиција.

Неофицијално, еден од очевидците на настанот го скршил стаклото за да ги извадат малолетните деца од автомобилот. Децата се братче и сестриче, едното е три години, а другото седум. Децата се префрлени на клиника.

Случајот за „Република“ го потврди и МВР. Се уште не е познато колку време биле оставени децата сами на топлото време во загреаното возило. Ќе се врши увид за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.