Вчера попладне на патот село Крушеани – село Обршани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј. (37) од Прилеп и уште едно возило од истата марка, исто така со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П. (39) од село Беранци, општина Могила.

Со тешки телесни повреди се здобил М.П. (64), сопатник од возилото „Опел Астра“, а двајцата возачи и двајца сопатници, М.Т. (32) и шестгодишно дете од другото возило се здобиле со телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.