Деветнаесетгодишно момче од Струмица била жртва на обид за силување во затворото во Охрид. каде то струмичанецот издржувал затворска казна.

Инцидентот се случил доцна во ноќта пред неколку дена, а за нападот биле известени и СВР Охрид.

Вчера во 10.45 часот во СВР Охрид, вработен во Казнено поправната установа – Затвор Охрид, заедно со 19-годишник од Струмица, кој издржува казна во затворот, пријавиле дека на 9 септември годинава околу 03.00 часот, во собата на 19-годишникот насилно влегле осудениците Ч. и С. и се обиделе да извршат обљуба врз него – се вели во билтенот од полицијата.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.