Најмалку две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вечерва се случи на булеварот „Јане Сандански“ кај маркетот „Веро“ во скопската населба Аеродром, а во која на лице место загина младо момче.

До несреќата дошло при судир на мотор и „ауди“, а повредените патничкото возило се итно пренесени во скопските клиники.

Според првичните информации, незгодата се случила поради непочитување на сообраќајните правила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.