Двајца возачи се повредени по судар на нивните возила во кичевското село Зајас.

Синоќа околу 19 часот во кичевското село Зајас, на место викано „Туфковско маало“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи галопер“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.В.(34) од с.Колари и патничко возило „сеат ибица“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(41) од с.Колари.

 

По незгодата, двајцата возачи биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде што на Е.Е. му биле констатирани тешки телесни повреди – информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.