Нешто по 8 часот утрово, во сообраќајна незгода на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац се повредени двајца мажи од  Македонија.

Од Лесковачката полиција и Општата болница во Лесковац, за „ЈугМедија“ потврдуваат дека повредени се мажи од околината на Струмица, едниот роден во 1987 година, а другиот во 1982 година.

Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот – информира заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ.

Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград-Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.

Сообраќајот на таа делница, кој за време на истрагата се одвиваше по лентата за претекнување, беше нормализиран непосредно пред 11 часот.

Според сигурни информации, на повредените на помош им пристигнала екипа на брзата помош од Лесковац, а двајцата патници од смачканото комбе биле извлечени од страна на пожарникарите во Лесковац – наведува „Југмедија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.