Во текот на вчерашниот ден двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитиница во главниот град. Вчераутро во Полициската станица Кисела Вода, М.М. (44) од Скопје пријавил дека на улицата “Наум Охридски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Синоќа пак во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Т. (41) од Скопје пријавил дека во с. Волково бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.