Двајца штипјани, кои поседувале дрога се приведени во Струмица.

Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 14.40 часот во Струмица, ги лишиле од слобода В.Љ.(37) и З.Ч.(34), двајцата од Штип.

 

При преглед во возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Љ., а сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја – информираат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.