Две лица се повредени во несреќата што се случила вчера во Скопје. Како што соопштуваат од МВР, случајот во полиција бил пријавен вчера околу 12 часот.

Во СВР Скопје било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле со повреди од пад од висина. Кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.В. телесни повреди.

За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.