СВР Тетово информира дека вчера во акција за откривање асоцијални појави, две лица се откриени како питачат и за тоа ќе добијат соодветни поднесоци.

Полициските службеници на СВР Тетово во содејство и координација со тетовскиот Центар за социјални работи вчера од 8 часот и 30 минути до 12 часот во Тетово ја спровеле заедничка контрола.

Во контролата, реализирана на неколку улици во централното градско подрачје, затекнати и санкционирани биле две лица, женско на возраст од 48 години од тетовско село и 61-годишен тетовец, кои на различни места питачеле. На двајцата ќе им бидат изготвени поднесоци согласно член 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, соопштија од СВР Тетово.

Кој ќе се затекне да пита, ќе му се изрече глоба во висина од 15 до 50 евра, се вели во членот 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.