Две лица се тешко повредени откако паднале од мотор. Инцидентот се случил вчера на бул.„Јане Сандански“.

По незгодата, 28-годишниот мотоциклист и 26-годишниот сопатник и двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.