Две лица се повредени вчера околу 16:30 часот во несреќа кај с.Средно Егри во Битола.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „солис“, со битолски регистарски ознаки, управуван од М.Н.(38) од с.Средно Ерги, битолско, и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(21) од с.Могила, битолско.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од мотоциклот, Д.С.(28) од с.Средно Ерги, битолско, се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.