Двајца мотоциклисти во текот на вчерашниот ден завршиле во болница по сообраќајни незгоди.

Како што информираат од МВР, во првиот случај повреден е 19-годишник од Битола, а несреќата се случила на Булеварот Први Мај.

„Г.К.(19) од Битола, управувајќи мотоцикл „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“, информираат од МВР.

Со тешки повреди се здобил и 51-годишниот Ј.Л. од Охрид кој изгубил контрола синоќа на патот Битола- Прилеп, кај тунелот во Битола.

Кај двајцата мотоциклисти, биле констатирани тешки телесни повреди во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид на двете локации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.