Вчера претпладне на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница с. Табановце, полициски службеници забележале товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле мигранти, кои заедно со возачот се вдале во бегство.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле A.Х. (22) и А.А. (21), двајцата од Пакистан. А.Х. се здобил со повреда на нога додека бегал и му била укажана помош од екипа од Црвен крст.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.