Синоќа настрада 55 годишен маж Д.И. по кавга со негов соселанец. Очевидци од село Град, велат дека настанот се случил во вечерните часови кај селската подавница, каде при расправија со неговиот сограѓанин И.П, Д.И. се здобил со повреди во пределот на едното око и рамениците.

Потврдено е дека Д.И. утрово се јавил на преглед во делчевскиот здравствен дом, каде се пожалил на болки во рамото. Дополнително, ќе се утврдува дали 55-годишниот жител има скршеници во пределот на лицето и рамениците.

Случајот не е пријавен во полиција, а причините за кавгата биле поради пијанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.