Двајца граѓани во текот на вчерашниот ден пријавиле во полиција дека биле каснати од кучиња скитници, едниот во Кавадарци, другиот во скопска Кисела Вода.

Вчера во Полициската станица Кавадарци, К.Ѓ. (34) од Кавадарци пријавил дека истиот ден на улица „Браќа Хаџи – Тефови“ во Кавадарци бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Вчера попладне пак, во Полициската станица Кисела Вода, Б.М. (52) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.30 часот на булевар „Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.