На 9 септември на улицата „Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(21) од селото Љуботен, скопско, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.

Како што информираат од МВР во несреќата младиот скопјанец се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Воедно, во 19 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од улица „Методија Андонов Ченто“ и улица „Васил Главинов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода кодијак“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(42) од Битола и мопед „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.