Двајца кубански државјани синоќа се приведени во реонот на Граничниот премин „Меџитлија“, откако се обиделе незаконски да ја преминат државната граница.

Како што информираат од МВР, вчера во 19:45 часот кај манастирот „Св. Илија“’ во реонот на Граничниот премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е.(44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница.

Кубанците биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.