Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се на увид во реонот на планината Јакупица, каде вчера се урна авион од типот „Цесна“ со четворица патници, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителите го вршат увидот заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции за утврдување на причините за авионската несреќа.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски синоќа на прес-конференција рече дека авионот Цесна за кој во 16:16 часот беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија, од припадници на МВР бил лоциран нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава.

Тој посочи дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.