Вчера околу 11 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, беровско, настанал пожар во кој била зафатена букова шума.

По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т. (31) и неговиот брат И.Т. (28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал да се шири. Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“.

Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.