Денес околу 11 часот пријавено е дека на улицата „Кемал Сејфула“, спроти Поликлиника “Чаир”, при вршење ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, дошло до лизгање на земјиште и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот.

Две од затрупаните лица (26 и 28 години) починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ГОБ “Наум Охридски” за укажување лекарска помош. На местото на настанот испратени се екипи од ИМП и екипа од БППЗ.

Смртта на починатите ја констатирале лекари од Итната медицинска помош. Известени ЈО и трудов инспектор, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.