Две лица се жртви во вооружената пресметка во средата вечерта во скопската населба Бутел 2, а неофицијално станува збор за лица од таканаречениот клан Камбер за кој во скопското подземје се смета дека е близок на СДСМ, пишува Нетпрес.

По пукање од автомобил доцна вечерва во скопски Бутел 2, убиено на самото место е едно лице, а едно е тешко повредено при што итно е префрлено на Скопските клиники, каде што според сѐ уште непотврдени информации починало од здобиените повреди.

Станува збор за крстосницата меѓу булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, наспроти ресторанот „Султан“ пред ткн „социјални“ згради, а голем број на полициски единици се на тереноткаде што на терен се голем број полициски возила, припадници на специјалните единици и неколку возила на Брза помош.

Според неофицијални информации, едно од убиените лица е со иницијали К.И.

Нетпрес објавува дека се шпекулира дека станува збор за пресметка во подземјето кое е блиско на владејачката партија.

Изворите велат дека еден од убиените бил близок на еден од потпретседателите на СДСМ, Мухамед Зекири, како и на неговиот сопартиец градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски. И напаѓачот, исто така, според истите извори бил близок на лица од владејачката партија, објави Нетпрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.