Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 20-годишниот Н.И. од Делчево. Во соопштението од полицијата се вели дека момчето се товари поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

 Пријавениот, Н.И (20) во периодот од август до декември 2019 и јануари 2020 во пет наврати од неговиот вујко одзел платежни картички, на кои бил напишан пин кодот, при што подигал парични средства, соопштија од полицијата.

Паричните средства кои биле подигнати од банкоматите како што додаваат изнесуваат 54.640 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.