Поранешниот вработен во Централниот регистер обвинет за закани кон новинарката Мери Јордановска и загрозување на безбедноста на поранешната сопруга е осуден на дваесет месеци затвор. Тој прво ќе оди на лекување во психијатриската болница во Бардовци, додека лекарите не утврдат дека е во подобра здравствена состојба за да оди во затвор.

Пресудата денеска беше изречена во скопскиот Кривичен суд. Обвинителството предложи, а судот прифати тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата. Јакимовски беше уапсен на 17 јануари поради закани кон Јордановска, новинарката Искра Коровешовска и директорката на Централниот регистар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.