Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, денеска во Апелација истакна дека неговиот клиент е во загрижувачка здравствена состојба, и дека секој ден повраќа поради проблеми со желудникот.

Еве командирите од затворската полиција може да потврдат дека секој ден е носен на торахална хирургија каде прима терапија. Има две неуспешни операции. Овој човек нема желудник. Секоја храна му се враќа, секој ден повраќа. Неопходна е хоспитализација. Тој не може да биде третиран со општ лекар во затворот во Шутка”, рече адвокатот Сашо Дуковски на јавната седница во Апелација на која се бара укинување на мерката притвот за Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот “Рекет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.