Адвокатот Сашо Дукоски пред судот објасни на кој начин се подигнувале пари од сметките на семејството Камчеви кои подоцна наводно му биле давани на Бојан Јовановски.

Тој е убеден дека не постои извештај бидејќи воопшто не биле подигнати пари. Дукоски е убеден дека сведокот лаже дека подигал пари бидејќи работи во компанијата на Камчеви.

Кога подигате пари од банка добивате извод или вирман. Во овој случај тоа го нема. Подоцна сведокот вели дека денарите ги претвориле во евра во една менувачница. Но и за тоа нема никаков документ-објасни Дукоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.