Адвокатот Сашко Дукоски кој е бранител на првообвинетиот Бојан Јовановски, за предметот „Рекет“, јавно прашува како судот планира да го одржи утрешното рочиште, после смртта на притвореникот во истражниот затвор „Скопје“, за кој денеска министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека починал од коронавирусот, пишува „Фокус“.

Доколку се одржи судењето „Рекет“, вели Дуковски, на тој начин би се загрозил животот на сите кои се вклучени во процесот.

Притвореникот кој почина бил еден спрат под ќелијата на Бојан Јовановски. Се бањале во иста бања, храна им носеле исти командири и сл. Наместо да биде во изолација, денеска беше донесен на судење. Контактирав со него. Замислете, што ќе се случи доколку е недај боже заболен. Сите што бевме во судницата постои ризик да сме заразени, вели Дукоски, кој истакнува дека утрешното судење мора да биде одложено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.