Во овој случај нема доказ за перење пари. Ако тогашната градоначалничка на Битола дозволеше премамена на земјиштето, дом за стари лица навистина ќе имаше. Што се однесува на тоа дека Силјан Мицевски бил измамен, еве нека се обиде некој нему да му побара 70.000, а не 700.000 евра, истакна бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски.

Тој се осврна и на пензионерката Лилјана Тодоровска, на која Мицевски ѝ уплатил 700.000 евра во денари. Дуковски е убеден дека тоа лице лаже и оти не може да ѝ се верува.

Тодоровска на својата сметка, објасни Дуковски, примила пари и тие пари се сосема легални. Како тие пари кои се исплаќани врз основа на договор подоцна стануваат измама, прашува адвокатот.

Дуковски објаснува дека Тодоровска потврдила дека ги подигнала парите и оти веднаш ѝ ги зеле две лица кои ги однеле кај Боки 13.

Дали е логично во најобезбедуваната банка во центарот на Скопје некој да ѝ земе толку пари – го праша Дуковски судот.

Затоа тој бара за сите обвинети да има ослободителна пресуда бидејќи судот не го докажал делото за кое се товарат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.