Во текот на вчерашниот ден во 20:40 часот во Полициската станица Кочани, М.И.(43) од Кочани пријавила дека во место викано „Трајаново трло“ во Кочани, пред нејзината куќа, поголема група на граѓани физички ги нападнале нејзините роднини и соседи.

Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани известен е Јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот.

По добиени насоки од Јавен обвинител се преземаат мерки за идентификација и повикување на разговор на сите учесници во настанот.

Се работи на целосно комплетирање и документирање на случајот по што против учесниците во физичката пресметка ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.