Полицијата пронајде пиштол кај малолетник во автобус на ЈСП.

На 17.11.2022 во 19.00 часот во автбоус на ЈСП на ул.„Цветан Димов“, полициски службеници од СВР Скопје кај малолетник од Скопје пронашле и одзеле гасен пиштол „Blow“ калибар 9 мм. Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, соопшти МВР.

Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Министерството за внатрешни информира исто така информира дека на 17.11.2022 во 17.40 часот во автобус на ЈСП на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ со ул.„Цветан Димов“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Претходно било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ тој, мавтајќи со ножот, ја загрозувал безбедноста на граѓаните.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и му бил изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.