Криумчар на мигранти вчера го нападнал и му избегал на полицаец пред Кривичниот суд во Скопје. Полицаецот испукал неколку предупредувачки куршуми, а пак осомничениот скокнал во реката Вардар ја препливал и избегал од другата страна. И полицаецот скокнал во Вардар но се повредил.

Од МВР соопштија дека пред Кривичен суд Скопје, полициски службеник вршејќи обезбедување на Е.А.(33) од Скопје, на кого му била одредена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, бил физички нападнат од него, по што Е.А. се дал во бегство.

-Полицискиот службеник испукал неколку куршуми во знак на предупредување, а Е.А. скокнал во реката Вардар, ја препливал и на другиот крај и продолжил кон ул.„Вардарска“. Полицискиот службеник скокнал по него во реката, по што се здобил со повреди, информираат од полицијата.

Околу 18:20 часот, во близина на Транспортен центар, Е.А. бил пронајден и лишен од слобода од страна на полициски службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.