Вистинска драма се случувала доцна синоќа во населбата Шуто Оризари во близина на полициската станица откако неколку лицаа вооружени со безбол палки намерно предизвикале сообраќајна несреќа и демолираа ново Ауди.

Вчера пред полноќ неколку лица намерно се забиле во автомобил на гастербајтер од Германија во Шутка кој управувал со автомобил марка Ауди за да го сопрат автомобилот. Потоа група од 10-тина до 15 лица физички го нападнале возачот на автомобилот и неговиот сопатник близок роднина, објави Инфомакс од каде велат дека напаѓачите откако физички ги нападнале патниците од Аудиото со безбол палки дополнително го демолирале удреното возило, а сето тоа го пренесувале во живо на социјалната мрежа Фејсбук.

Целиот текст на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.