Денеска (05.08.2021) околу 16.30 часот на наплатна рампа Желино на автопатот Скопје-Тетово, во координирана акција од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, лишени се од слобода А.К.(28), државјанин на Р.Словенија и А.Р.(42) од Тетово.

При преглед извршен во патничко возило „ланчиа“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К., каде како совозач бил А.Р.,  биле пронајдени и одземени над 100 грама кокаин и пакување хашиш. Извршен е увид на лице место од страна на кримтехника при СВР Тетово, а двете лица се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.