Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Република Чеченија, Руска Федерација, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка-притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, како и можност да го повтори делото и да влијае врз сведоците.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил одредено количество наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својата соба во еден мотел во Гостивар со намера да ја препродава. При претрес кај осомничениот на 10 февруари биле пронајдени околу 15 грама марихуана во најлонско пакување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.