Полицијата привела 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка.

На 26 февруари во 15.30 часот од полициски службеници од Полициската станица Виница бил лишен од слобода С.И.(53) од Виница по претходна пријава дека на 25 февруари околу 14 часот во Виница допирал и бакнувал малолетничка – соопштија од МВР.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.