Полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „зброевка“ калибар 7,65 милиметри, еден сигнален пиштол „гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал.

Од МВР информираат дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.