Вчера во периодот од 09.40 до 12.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претреси во домовите на Ф.С. (56) и Е.С. (30), двајцата од село Бучим радовишко. При претресите биле пронајдени и одземени пари – различни валути, муниција за ловно оружје и марихуана.

Е.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.