На 25.09.2021 во 00:30 часот во Полициската станица Карпош, од Итна медицинска помош било пријавено дека во собата за дежурни лекари во Психијатриска болница Скопје бил пронајден починат дежурниот лекар Љ.Н.(61) од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирала екипа од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.