Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетите како соизвршители на 26 ноември минатата година со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во сопственост на оштетениот. Станува збор за ресторанот „Мечка“.

„Обвинетите набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот обвинет чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот“, се вели во соопштението.

Обвинителството ценеше дека се уште постојат околности кои го оправдуваат изрекувањето на мерката куќен притвор, па од тие причини заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на мерката – куќен притвор за двајцата обвинети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.