Ноќва во 02.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Мушев гроб- Кавадарци. патничко моторно возило „голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Р.(20) од Неготино излетало од коловоз.

Во незгодата, 17- годишна сопатничка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.